Вечерва календарски започнува зимата

- Македонија
977

Вечерва во 23:23 часот во Република Македонија и на северната хемисфера календарски започнува зимата и ќе трае 88 дена, заклучно со 20-ти март 2019 година.

Денот ќе биде најкраток, а ноќта најдолга. Сонцето изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 11 минути. Денот ќе трае 9 часа и 13 минути.

Истовремено, на јужната хемисфера настапува лето.

Се верува дека во моментот кога настапува зимата, луѓето треба да замислат јасни и конкретни желби за  новата годината која доаѓа.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари