Заврши зимскиот распуст – учениците денеска се враќаат во училишните клупи

- Македонија
827

Денеска е првиот работен ден од второто полугодие на учебната 2017/2018 година. По тринеделен зимски распуст, во училишните клупи се враќаат  околу 270.000 средношколци и основци, меѓу кои  20.000 се првачиња.

За време на ученичкиот распуст, Министерството за образование и наука ги соопшти промените што ги планира во наставните планови и програми за следната генерација првоодделенци.

Намалување на бројот на предмети, најмногу четири наставни часа во денот, повеќе одмор и игри, вежбање на часовите наместо домашни задачи и редуцирање на тестовите се само дел од промените кои ги предлага работната група од МОН која работи на реформите во наставата за првите три одделенија.

Со примена на новите мерки ќе се започне од следната учебна година.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари