Истражување : Трчањето го продолжува животот

- Здравје
894

Научници од универзитетот во Ајова тврдат дека трчањето во времетраење од еден час, го продолжува животот за дополнителни седум часа. – пишува Indipendеnt.

Студијата покажала  дека 5-10 минути трчање дневно го намалува ризикот од појава на срцеви болести и предвремена смрт.

Списанието “Progress in Cardiovascular Disease” во април ги објавило резултатите од истражувањата, чиј автор е Дак-чул Ли, професор по кинезиологија од Ајова.

Ли и неговиот тим воочиле дека редовното трчање го намалува ризикот од предвремена смрт за 40%, независно од брзината на трчањето и бројот на поминати километри.

Кај учесниците од истражувањето било  забележано намалување на смртноста за 16%, а ризикот од кардиоваскуларни болести бил намален за 25%.

 

 

 

Facebook Коментари