Комбинација кафе со чоколадо – препорака за убава сабота

- Здравје
1611

Сосема е извесно дека сите уживаме во шоља вкусно кафе, така го започнуваме денот, а вкусот на кафето ни е потребно и после семејниот ручек. Но кога кафето се конзумира во комбинација со чоколадо тогаш имаме комбинација на убаво и корисно.

Истражувањата покажуваат дека кафето во комбинација со чоколадо помага  поубаво и посмирено да ви започне денот и да се сконцентрирате на задачите кои ве очекуваат.

Научниците кои го спровеле истражувањето се обиделе да дознаат како точно чоколадото влијае на менталната енергија, па поради тоа пронашле доброволци кои секојдневно пиеле еден од следните четири напитоци: кафе со чоколадо, кафе без чоколадо, кафе со кофеин и комбинација од кофеин и чоколадо, па подоцна решавале тестови.

Се испоставило  дека испитаниците кои ги пиеле напитоците со чоколадо побрзо реагирале и дале поголем број точни одговори. покрај тоа, биле и помалку нервозни во однос на оние кои внесувале чист кофеин.

Facebook Коментари