Доајенот на српското глумиште Љубиша Самарџиќ замина во легендите

- Хроника
836

 Доајенот на српското глумиште, режисерот и продуцент Љубиша Самарџиќ замина во легендите.Српските медиуми пренесоа дека Љубиша Самарџиќ почина синоќа  по тешко боледување во 81-та. година од животот.

Легендарниот Љубиша Самарџиќ е роден на 19 ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Целиот свој живот го посвети на глумата, а потоа и на режирањето. Со сопругата Мирјана беше во брак 50 години, со кого го имаа синот Драган, како и ќерката Јелена.

Самарџиќ во декември минатата годинаа преживеа тешка операција на мозокот.По операцијата, лекарите имале оптимистички прогнози, но по влошување на состојбата со леукемијата од која боледуваше подолго време, здравствена состојба му се влошила.

Скапоцен е неговиот придонес во областа на актерството. Посебно незаборавна е неговата улога  во серискиот филм ,,Топол ветер“, како Шурда. Сите го паметат по  прекарот „Смоки” кој го доби по истоимениот лик кој го толкуваше  уште во 1963 година во филмот ,,Песочен град“.

Значајни улоги имаше во филмовите:  „Битка на Неретва”, „Сутјеска”, „Бомбаши”, „Љубовниот живот на на Будимир Трајковиќ”, „Луди години”, „Работа на одредено време”, „Татко на одредено време”, „Не е лесно со мажите”, „Магарешки години”, „Убиство со предумисла”…. Глумеше и во повеќе телевизиски серии како „Враќање на отпишаните”, „Каде одат  дивите свињи”, „Подобар живот” и други.

 

Facebook Коментари