Кривична пријава поради казнено дело „телесна повреда“ заработи 40 годишен маж од Кичевско

- Хроника
838

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ш.С. (40) од кичевското село Зајас.

Во подолг временски период, пријавениот, во семејниот дом, на различни начини телесно ја повредувал и физички ја малтретирал неговата сопруга која случаите не ги пријавувала. Последниот телесен напад се случил на шести минатиот месец во 10 часот и 30 минути кога пријавениот, започнал жестока караница со сопругата а потоа и физички ја нападнал. Од здобиените удари, оштетената се здобила со видливи телесни повреди константирани во соодветна медицинска белешка од лекар во Општата болница во Кичево.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари