Кривична пријава за лице од Тетово поради казнено дело „насилство“

- Хроника
789

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ќ.Р.(38) од Тетово.

Пријавениот, казненото дело го сторил на втори минатиот месец во 19 часот и 40 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на бензиска пумпа Окта кај Ново Село-општина Дебарца. Тука, на делот од патот каде поради изведување градежни работи  има поставен семафор, пријавениот додека чекал во колона на црвено светло, во еден момент излегол од своето патничко моторно возило и се упатил кон  возилото во кое го забележал А.А. од Гостивар. Веднаш започнал вербална расправија со него а потоа и со ноsе удирал по неговото возило. Во еден момент, сега пријавениот со тупаници го нападнал Ј.Ј. кој бил сопатник во истото возило и веднаш си заминал.

Извор: СВР Охрид

 

 

 

 

 

 

Facebook Коментари