SKOPJE CALLING 2017 СЕ СЕЛИ НА СТАДИОНОТ НА АРМ

- Музика
838

Aвалон продукција испрати соопштение до медиумите со која информира за промената на локацијата за одржување на фестивалот SKOPJE CALLING 2017:

„Ве информираме дека има измена на локацијата за фестивалот SKOPJE CALLING 2017.

Имено, поради Супер купот во фудбал, не сме во можност да ја одржиме фестивалската вечер на 23-ти јуни со MARTIN GARRIX, JAX JONES и ALEX ADAIR во Телеком Арената и поради тоа, истата ја префрлуваме на повеќе од соодветен простор, на стадионот на АРМ, којшто е буквално до Телеком Арената во Скопје.

Капацитетот останува ист, 20 илјади посетители, а билетите со истите категории (кои се продадени во количина од повеќе од пет илјади влезници низ целиот овој дел на Европа) ќе важат и за оваа локација.

Поради оваа измена, логично е на истата локација да биде и настапот на THIEVERY CORPORATION, којшто ќе биде уште поспектакуларен, бидејќи ќе се користи истата бина и продукција која ќе биде наменета за настапот на MARTIN GARRIX на 23 јуни, со тоа што за THIEVERY CORPORATION, просторот ќе биде адаптиран со капацитет од 5.000 посетители.

Не` чека навистина неверојатна концертна сезона!“ – стои во соопштението

Извор: Strugaonline

 

Facebook Коментари