Филип Иванов е избран за нов претседател на ЏФМ, Бошко Вељаноски и Димче Шипинкаровски се нови членови на извршниот одбор на ЏФМ

- Спорт
1549

На 24.12.2017 година во Скопје се оддржа редовно изборно собрание на Џудо Федерација на Македонија. (во подолниот текст ЏФМ) На собранието присуствуваа 22 џудо клубови и присутни беа 44 делегати, а се избираа Претседател на ЏФМ, заменици претседатели, извршен одбор и надзорен одбор.


За  претседател на ЏФМ се кандидираа Филип Иванов и Зегљуљ Реџепи. Со 25 глаза од 44 делегатри Филип Иванов е избран за нов претседател на ЏФМ.
Но она што е важно  за струшкиот спорт и Џудо Клубот ДРИМ Струга е дека во извршниот одбор на ЏФМ кој што после собранието е  највисок и извршен орган на федерацијата се избираат 11 членови а од нив двајца се од ЏК ДРИМ СТРУГА. Бошко Вељаноски доби 24 гласа од присутните делегати,  а Димче Шипинкаровски беше директно назначен од ново избраниот претседател на ЏФМ, Филип Иванов.

Сето ова ни дава голем мотив и голема одговорност да продолжиме со напорна работа и да го издигнеме џудо спортот и Џудо Федерацијата на Македонија на ниво каде што им е местото. -информираат од Џудо клубот „Дрим“.


ЏК ДРИМ СТРУГА и понатаму ќе продолжи да ги произведува најуспешните македонски џудисти. 

Strugaonline

Facebook Коментари