Франција старо-нов светски шампион

- Спорт
865

fra-nor

Ракометната репрезентација на Франција ја одбрани светската титула на Мундијалот кој се одржуваше во оваа земја во изминатите две недели. Французите во големото финале ја победија Норвешка со 33:26 (18:17).

Франција е ракометна велесила која доминира речиси две децении во светскиот ракомет. Пред стартот на 25-то Светско првенство Французите беа фаворити број еден за титулата, а по елиминацијата на Данска и Германија, тие и немаа конкуренција во походот на титулата.

„Експертите“ ја одбранија титулата од претходното СП во Катар и ја освоија шестата светска титула. Триколорите победија на пет од последните шест СП. Селекторот на Франција, Диде Динар, кој освојуваше титули како играч, а потоа и како асистент на Клод Онеста, ја освои својата прва голема титула како селектор, додека ракометната легенда Тијери Омејер го освои петтиот златен медал на Мундијалите.

Франција, со цврста одбрана во второто полувреме која ја предводеше голманот Жерард, ја спречија транзицијата на Норвежаните ги натераа на голем број на грешки и на крајот триумфираа.

Facebook Коментари