Масимилијано Алегри: Судијата го одлучи патникот во полуфиналето

- Спорт
695

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри не ја криеше својата фрустрација од елиминацијата на својата екипа синоќа во Мадрид.

Јувентус имаше водство од 3:0 кое го носеше дуелот на продолженија, но во финишот на мечот судијата Мајкл Оливер досуди пенал за Реал Мадрид кој го реализираше Кристијано Роналдо.

После ваквата одлука на судијата настана хаос на теренот, по што Оливер му покажа црвен картон на Џанлуиџи Буфон.

„Се чувствувам лошо поради играчите кои што беа совршени и направија пресврт во наша корист. Заслуживме најмалку продолженија и верувам дека имавме шанси за пласман во полуфиналето. Судијата го одлучи патникот во полуфиналето, но сега не сакам да зборувам за него и за пеналот“, изјави Масимилијано Алегри.

Извор:tocka.com.mk

фото: архива

Facebook Коментари