Вардарки на чекор до пласманот на Ф4 во Будимпешта

- Спорт
748

Ракометарките на Вардар се на добар пат да бидат единствен тим што по петти пат ќе игра на Ф4 турнирот во лигата на шампионите. Остануваат уште 60 минути до потврда на тој успех, а реванш натпреварот против Митјиланд почнува со предност за Вардар. На првиот натпревар во Данска, Вардарки победија со 24-23.

Сега останува да се потврди квалитетот на тимот од кого сите очекуваат искачување на европскиот врв. Тоа лани за малку не им успеа, а ова е последната шанса тоа да се направи.

Во тимот се свесни дека иако Вардар е фаворит воопшто нема да биде лесно да се стигне до Будимпешта. Тоа го покажа и првиот меч во Данска каде во текот на натпреварот домаќинките беа во водство користејќи ги сите шанси и казнувајжи ги сите наши грешки.

„Добро знаеме што е нашата задача на дуелот в сабота. Во Данска имавме катастрофално прво полувреме, но во вториот дел го спасивме мечот. Знаеме што не очекува. Добро е што победивме. Направивме анализа на првиот меч и подготвени сме за оваа средба. Мораме да бидеме далеку подобри доколку сакаме да направиме добар резултат. Работевме напорно и сите сме подготвени за она што ни претстои. Очекуваме добар резултат. Се подготвуваме на секој план, и тактички и психолошки. Нема потценување на противникот, изјави Дибирова.

Натпреварот Вардар – Митјиланд е закажан за в сабота во 17 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Билетите се продаваат преку www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”

Извор и фото : zrkvardar.mk

Facebook Коментари