(ВИДЕО): Македонските и струшки навивачи атракција во Загреб

- Спорт
1097

Македонија за прв пат на Европско првенство својот настап го започнува со две победи последователно. Победата против Словенија во воведниот натпревар за Македонија на овој шампионат предизвика многу радост и кај самите ракометари, но и кај бројните навивачи кои во Загребска арена знаат да направат атмосфера како нашите ракометари да играат на домашен терен. Со истиот интензитет на жар и желба за победа македонските навивачи ги бодреа ракометарите и синоќа во неизвесниот напревар со Црна Гора, на кој за среќа завршивме со победа. Македонија сега сосема заслужено е на врвот на табелата, а навивачите кои од Струга отпатуваа во Загреб и во живо ги следат натпреварите преку видеото подолу пренесуваат каква е атмосферата и еуфоријата.

Струга ПАТКАРИ

Струга навива од СРЦЕ, Струга се радува од СРЦЕ

Posted by Strugaonline on Dienstag, 16. Januar 2018

Македонските навивачи во Хрватска се атракција за медиумите и оставаат голем впечаток. Покажуваме како знаеме да се радуваме

Strugaonline

Facebook Коментари