160 деца учествуваат на младинските државни првенства во шах во Струга

- Локални, Спорт
324
Викендов во хотел Дрим во Струга започнаа младинските државни првенства во шах за 2023 година.
,,Вкупно во двете категории се пријавени 160 деца што претставува зголемување за над 50% во однос на минатата година. Ваквото зголемување се должи на популарноста на шахот кај младата популација и воведувањето на шахот како изборен предмет во основното образование.“-изјави тренерот на Шаховската школа-Струга која оваа година учествува со рекорден број натпреварувачи, односно шеснаесет деца во машка и женска конкуренција.
Се игра во групи од 8 до 18 години. Победниците на турнирот ќе бидат државни прваци во шах за 2023 година во соодветните категории.
Турнирот трае до 23-ти јуни.
Strugaonline

Facebook Коментари