20-годишно момче од Куманово вчера се удави во Охридското езеро

- Локални, Хроника
997

Вчера, во 13:10 часот во Полициската станица за Граничен надзор Охридско Езеро било пријавено дека во водите на Охридското Езеро, спроти плажа „Магнус“, се удавил 20-годишниот В.А. од Куманово.

– Немилиот настан се случил откако претходно тој скокнал од педалинка во езерото.  По кратко време, телото на починатиот било извлечено од водата од страна на  припадници на Црвен Крст. Смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош, информираат од МВР.

Извор: МВР

фото: архива

Facebook Коментари