24 ракомет анкета: Гиогри Дикаминџија (Струга) е играчот на 2. коло во Супер машката лига

- Локални, Спорт
825

Десниот бек на Струга, Гиогри Дикаминџија е играчот на 2. коло во Супер машката лига. Тој доби 35 проценти од гласовите во новата анкета во која читателите на порталот  24Ракомет одлучуваат кој е играчот на колото во најсилната лига во Македонија.

Дикаминџија успеа во последен момент да се најде пред Бобан Блажески кој има 33 проценти од гласовите и кој долго беше во предност во однос на конкуренцијата на крајот заврши втор.

Репрезентативецот на Грузија имаше одлична партија во 2. коло во победата над Вардар јуниор. Тој успеа да постигне седум гола и беше втор стрелец на средбата во победничкиот табор. Тоа беше доволно за да успее да добие најмногу гласови, па оттаму тој го наследи соиграчот Цветан Кузмановски на листата на најдобри ракометари во едно коло.

Како што беше ситуација и минатата сезона и годинава 24Ракомет ќе ви овозможи да ги бирате најдобрите ракометари во секое коло во Супер машката лига.

Во 2. коло во конкуренција за најдобар играч беа и: Дарио Петровски (Струга), Милан Поповиќ, Марко Кобетиќ (Пелистер), Бобан Блажески, Јагош Брауновиќ (Охрид 2013) и Никола Маркоски (Е. Работник).

Извор: 24ракомет

фото: архива

Facebook Коментари