АВ Охрид е во Супер лигата, прв противник Работнички

- Локални, Спорт
929

АВ Охрид со победа на гости кај Карпош Соколи од 90:99, си обезбеди билет за кошаркарското суперлигашко натпреварување.

По 22 одирани натпревари пласманот на табелата ги одлучи шесте патници во Супер лигата кои ќе се борат за место во Плејофот и шампионската титула, како и шесте патници во Плејаут лигата кои ќе се борат за опстанок во елитата.

Во Суперлигата ќе играат Работнички, Блокотехна, МЗТ Скопје, Куманово, Гостивар и АВ Охрид, додека за опстанок ќе се борат Фени Индустри, Кожув, Пелистер, Шкупи, Карпош Соколи и Струмица.

По Суперлигата, најдобрите четири екипи ќе продолжат во плеј-офот каде ќе разигруваат за титула.

Во првото коло кошаркарите на АВ Охрид за противник го добија Работнички. Натпреварот ќе се одигра утре во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:00 часот. (Крај)

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари