Бадел убедливо славеше над ЖКК Струга 2009, Ѓоровиќ очекува поправање на впечатокот во недела со истите противници

- Локални, Спорт
463

Во 14-то коло од Првата лига во женска конкуренција, кошаркарките на Бадел 1862 убедливо ја совладаа екипата на ЖКК Струга 2009 со резултат 80:41 (20:09;19:14;12:08;29:10)

Најдобри стрелци во нашата екипа беа Лаковиќ со 17 погодоци, Спаиќ 13, Модева постигна 6. Кај домашните најдобри беа Стојаноска со 22 погодоци и Трајчевска со 17.

-Лошо го започнавме овој натпревар, токму во тој период противникот направи десет поени предност, потоа успеавме да се консолидираме и до 27-та минута париравме како што треба.  При резултат 41:31 за Бадел, како да престанавме да играме. Во последната четвртина им дадов можност на сите кошаркарки. – изјави тренерот Ѓоровиќ.

Со оглед на тоа дека ЖКК Струга 2009 во недела на домашен терен ја пречекува токму екипата на Бадел за заостанат натпревар од седмото коло, Ѓоровиќ изрази надеж дека ќе дојде до поравање на впечатокот.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари