Бектеши во Струга: Инвестициите од нашите иселеници ја зацврстуваат економската стабилност

- Локални
825

Во Технолошко индустриската развојна зона во Струга, Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ вчера почна со изградба на производствен капацитет. Инвестицијата која се проценува на околу три милиони евра, се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена.

На отпочнувањето на проектот покрај министерот за економија Крешник Бектеши свое обраќање имаа и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на ДТИРЗ Алксандар Младеновски, лидерот на ДУИ Али Ахмети, градоначалниците на општините Струга и Охрид Рамиз Мерко и Јован Стојановски како и инвеститорот Арбнор Речи.

„Дијаспората е многу важен фактор за економијата во Република Македонија и ние сме подготвени да дадеме целосна поддршка за сите печалбари кои се заинтересирани да инвестираат тука. Таквата поддршка е ставена и во Планот за економски раст и во Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, истакна Бектеши.

Ова е инвестиција на прв иселеник од дијаспората, а одлуката на семејството Речи да инвестира во Македонија, според министерот Бекташи, е вистинска, и е потврда за преземените реформи во економијата.

„За добрата економска политика во земјата говорат податоците кои покажуваат дека, нашите политики водат кон стабилен економски развој, економски раст и раст на бруто домашниот производ. Само во првите шест месеци од 2018 година, странските директни инвестиции во Македонија достигнаа 327 милиони евра“, информираше Бектеши.

Дека владините мерки даваат резултати, како што нагласи вицепремиерот Анѓушев, покажуваат и денешните резултати на Заводот за статистика дека бруто домашниот производ во вториот квартал во 2018 година во споредба со истиот период лани има пораст од 3,1 процент, додавајќи дека и понатаму како Влада ќе продолжат посветено да работат на реализација на проекти од кои најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Сопственикот на компанијата Арбнор Речи смета дека инвестицијата е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот.

Објектот на Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“  ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни,  a планирано е вработување на околу 250 лица од охридско-струшкиот регион.

Strugaonline

 

 

 

 

 

Facebook Коментари