Бени Османоски од струшко Октиси е старо-нов светски шампион во кик-бокс

- Локални, Спорт
1094

Кикбоксерот Бени Османоски од Октиси во финалниот меч што се играше изминатиов викенд во Германија ја одбрани титулата светски шампион. Бени го победи русинот Димитри Меканик со нокаут во првата рунда. Инаку, Меканик е познат како тежок противник во овој спорт.

Честитки до Османоски упати и тимот на Општина Струга.

„Честитки за одбраната на титулата светски шампион Честитки за нашиот непобеден шампион во рингот на кој му посакуваме уште многу слични победи и успеси во иднина!“ – се вели меѓудругото во објавата од Општина Струга.

Бени Османоски е млад и успешен кикбоксер кој потекнува од струшко Октиси, а  живее и работи во Швајцарија

Strugaonline

фото: aрхива/ Facebook

Facebook Коментари