Без голови заврши натпреварот Жалгирис- Струга Трим Љум, тренерот Дуро презадоволен од своите фудбалери

- Локални, Спорт
346

Фудбалерите на Струга Трим Љум одиграа без победник и без голови на дебито во квалификациите во Лигата на шампионите на гости кај литвански  Жалгирис.

По натпреварот, на прес-конференцијата се обрати тренерот Шпетим Дуро кој истакна дека е презадоволен од својот тим и им честиташе на своите фудбалери.

„Овој прв натпревар за нас во Лигата на шампионите беше позитивен, од страна на резултатот, но и ако се гледа како одигравме. Презадоволен сум од мојот тим. Сакам да му честитам на тимот за резултатот. Во двомеч натпревари, многу често решава реваншот. Одигравме реми, имавме шанси да победиме, но најважното е дека сите си ги исполнија задачите. Анализите доведоа до тоа да го задржиме Жалгирис кој најдобрата шанса ја имаше по удар со глава. Од друга страна, ние ја имавме најголемата можност на натпреварот.  Не сакам веднаш по крајот на овој да размислувам на следниот натпревар. Имаме доволно време да се подготвиме. Сè е отворено во овој двомеч“, изјави Дуро.

Реванш натпреварот ќе се игра на 18-ти јули на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид  во терминот од 17:00 часот.

Facebook Коментари