Бројката на учесници за ,,Трка на поезијата“ е речиси исполнета, учесниците строго да ги почитуваат протоколите за заштита од ковид 19

- Локални, Спорт
454
Градската трка во Струга наречена ,,Трка на поезијата“ што се организира за прв пат во историјата на градот речиси е исполнета.
,,Веќе сме до бројката 450 со што ни остануваат само уште 50 стартни пакети за пополнување на максималниот број дозволени натпреварувачи. Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме ние и целиот свет, бројот мора да биде ограничен поради почитување на мерките кои што ги наметнува самата ситуација. Ние како организатори и Вие како натпреварувачи ќе мора да се придржуваме до мерките кој што ги препишуваат надлежните иституции со цел да не настане поголемо влошување на ситуацијата. “-информираат организаторите.
Од таму додаваат дека нивното здружение,  во соработка со медицински лица и консултации со епидемиолози го изработи и го надоградува протоколот за пред трката, за време на трката и после трката. Истиот протокол ќе се проследува и до одговорните институции во нашата држава со цел никој да не биде загрозен.
-Подготвени сме за максимален надзор за почитување на истиот протокол. Многу голема помош ќе ни биде доколку сите Вие учесници на настанот, тркачите, волонтерите и спонзорите на самиот настан заедно со нас максимално ги почитуваме протоколите како за самата трка така и надвор од неа за да не дојде до никакви компликации при организирањето на истата.-стои во соопштението од ,,Трка на поезијата“ што ќе се одржи на 23 мај.
Strugaonline

Facebook Коментари