Дебата за спречување на насилен екстремизам во Општина Струга

- Локални
789

Вчера во салата за состаноци во Општина Струга се одржа дискусија во фокус-група, на која присуствуваа психолози, педагози, директори и други преставници од основните и средните училишта, психолог на здраствен дом , претставници од полициската станица, членови на невладини организации и претставници од други државни институции.
Оваа дебата беше организирана како резултат меѓу соработката на Владата на Република Македонија, Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам ( НКЦНЕБПТ) и Меѓународната организација за миграции (ИОМ).
Главната цел на оваа дебата беше мапирањето на релевантните локални и нелокални и национални владини и невладини актери во Република Македонија и нивната постоечка или потенцијална улога во спречување на насилниот екстремизам поради развивање на можни решенија за формално упатување заради превенција од истиот.

Извор и фото: Општина Струга

Strugaonline

Facebook Коментари