Џон Сноу во солзи го читал сценариото за последната сезона од Game of Thrones

- Локални
796

Веќе е сосема јасно дека во 2019-та година фановите ширум светот ќе имаат можност да ја проследат последната сезона од мега-популарната серија „Game of Thrones“. Следејќи го текот на оваа серија, различна од сите други, сите знаеме дека во последните епизоди се е можно и ништо не може да се предвиди. Како гостин во емисија во Велика Британија, Кит Харингтон кој го игра ликот на Џон Сноу открива дека сите актери веќе го прочитале сценариото и знаат што ќе се случува во финалето од Game of thrones. Сноу вели дека читањето на сценариото го расплакало и појаснува колку тој и целата екипа се емотивно врзани за серијата.

Водителот на емисијата го праша Харигтон дали таквата емотивност се должи бидејќи се ближи крајот ан Game Of Thrones,или на тоа што ќе донесат новите епизоди.

„Ова е институција во која бев подолого од било која друга претходно. Наредната година, кога веќе нема да снимаме, ќе биде навистина чудна. Сите посебно ќе се сеќаваат на последните сцени кои ќе ги снимаат. Не само што сме ние врзани за сето тоа, туку и огромен број луѓе ширум светот се поврзани со серијата“, одговори Харинготн.

Facebook Коментари