Екипата на Струга Трим Лум се пласираше во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига

- Локални, Спорт
305

Екипата на Струга Трим Лум загуби со 2-1 на гостувањето кај Есперанж, но со вкупни 4-3 се пласираше во плејофот за пласман во групната фаза од Конференциската лига.

Марјан Радески во 15-та минута доби црвен картон, Струга ТЛ остана со играч помалку, но и покрај таквиот тек на натпреварот, нашите фудбалери поведоа две минути подоцна, со голот на Ибраими.

Во второто полувреме екипата на Есперанж направи пресврт. Израмнувањето стигна во 70-та минута преку голот на Густаво, а потоа домаќините успеаа и да поведат со 2:1, но Струга сепак успеа да се пласира во плеј-оф.За влез во групната фаза од Конференциската лига Струга Трим Лум ќе игра двомеч со Бреидаблик од Исланд.

Strugaonline

фото: Струга Трим Лум

Facebook Коментари