Заврши 50-то јубилејно издание на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2022“, по една година пауза Еурофарм Пелистер повторно е победник на турнирот во Струга, откако по изведување на седмерци (7-6) го победи Целје.
Натпреварот беше решен преку седмерци бидејќи поради големата кондензација на теренот имаше лизгање, па организаторот и двата тима решија по неколку минути играње истиот да биде прекинат и пеналите да го решат победникот.
Пивотменот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски е избран за МВП играч на 50. јубилејно издание на турнирот во Струга, голманот Урбан Лесјак кој беше еден од позаслужните за триумфот на пенали на Еурофарм Пелистер против Целје прогласен за најдобар голман, а Филип Талески од Вардар прогласен за најдобар стрелец со постигнати 24 гола.
StrugaOnline
Facebook Коментари