(ФОТО) Ракометниот турнир „Струга“ некогаш и денес – традиција која се негува

- Локални, Спорт
1257

Меѓународниот ракометен турнир „Струга“ што денеска заслужено се смета за еден од најквалитетните во Европа, своето прво одржување го имаше пред четриесет и шест години. Во август 1972 година, првото издание се одржало во чест на струшкиот ракометар Вангел Баљук Баљукоски чие име на почетокот го носел и самиот турнир, за подоцна да биде преименуван во „Ракометен турнир Струга“.

Традицијата се одржува се до денеска и според најавите, истата ќе продолжи и во наредните години.

Во изминативе четриесет и шест години се менуваа времињата, навиките, спортската култура, но турнирот никогаш не го изгуби својот сјај, а Струга беше и остана расадник за ракометни таленти, но и одличен домаќин за квалитетни странски екипи.

Strugaonline

Фото: Науме Јаканоски fb

 

Facebook Коментари