Гитаристот Тоше Танески ја живее љубовта – свири гитара и вози мотор

- Занимливо, Локални
2469

Во рубриката „Мојот избор“ која се емитува во склоп на емисија „Слушај Плеј во 2“ на Плеј Радио, наш гостин беше гитаристот Тоше Танески. За нашите слушатели  Танески ги претстави светските хитови кои се по негов музички вкус, ја отсликуваат неговата бунтовност и го исполнуваат неговиот критериум  на музичка безвременост.

Тоше Танески е роден во Струга и живее во Струга. Гитарист е во бендовите: Балкан Џем, Фајв Фингерс, Пост – Пубертетски Сеанси, Трибјут на Пинк Флојд, а исто така е и член на Белизе Бенд. Моментално најмногу работи со Балкан Џем и Фајв Фингерс, доколку сакате Балкан Џем и Фајв Фингерс да се дел од вашите забави, исконтактирајте го Тоше

„Љубов кон гитарата имам уште од мали нозе, имам една слика каде на мојот петти роденден седам покрај тортата држејќи гитара поголема од мене“ – со насмевка се сеќава Тоше, на афинитетите кои ги покажувал од најрано детство.

Неговата вистинска приказна со гитарата започнува на 13- годишна возраст. За првите научени акорди Танески му се заблагодарува на Боге Крежески, член на тогашната група „Ден потоа“.

Подоцна почнав да се дружам со Оливер Китаноски од кого стекнав најголем дел од знаењето. Денес живеам од музика. Навистина е тешко да се живее од музика овде кај нас, особено ако се занимаваш со рок музика или со блуз музика. Но, еве дишиме некако.“ – вели Тоше.

Освен како квалитетен гитарист, својата музичка сестраност, тој ја има докажано и преку работата како DJ.

Приватно, Тоше Танески сака да оди на концерти,  да слуша добра музика, а освен музиката има уште една љубов – моторот.

За овој вторник Тоше ви ги предлага следниве теми:

Bob Marley & the Wailers – Get up Stand up, Ja сакам затоа што е револуционерна, а јас сум бунтовник. Bob Marley и Peter Tosh се основоположници на реге музиката.

John Lenon – Imagine, Затоа што според мене е безвременска, има многу силна порака и неслучајно е прогласена за песна на дваесеттиот век.

Својот избор, Тоше го завршува со Another brick in the wall од Pink Floyd – едноставно затоа што се Pink Floyd.

StrugaOnline

Facebook Коментари