Ѓоровиќ: Се надевам дека после ерата на ,,Кимико“ струшката женска кошарка ќе има финалист на сениорско првенство

- Локални, Спорт
408

ЖКК Струга 2009 во четвртиот натпревар ја победи екипата на Бадел 1862 и израмни на 2:2 во полуфиналната серија.

ЖКК Струга 2009: Бадел 1862 79:61 (24:17;15:14;21:12;19:18). Најефикасна во нашиот тим беше Ли со 26 поени и 14 скокови, Стојановска постигна 8 поени, 15 асистенции и 4 скокови, Зендели 15 поени и 4 скока, Шеќероска 13 поени и 5 скока. Биочанин постигна 13 поени, 8 скокови , Модева 2 поени и 4 скокови, а Кукунешоска 2 поени. Во екипата на Бадел најдобри беа Димитриевиќ со 23 поени и Метју со 14 поени.

Кој ќе биде вториот финалист ќе се решава во петтиот натпревар што ќе се игра во четврток во Скопје.

,,Мислам дека на овој натпревар прикажавме најдобра игра во целата серија. Имавме целосна контрола во текот на целиот натпревар , како резултатска така и во игра. Би сакал да им честитам на кошаркарките затоа што воопшто не е лесно да се вратиш од 0:2 до 2:2. Сега имаме три дена да се подготвиме за петтиот натпревар. Да ја освежиме екипата и да досредиме некои детали.,,-изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.

Тој додава дека за Скопје заминиуваат како оптимсти и се надева дека после ерата на ,,Кимико“ струшката женска кошарка ќе има финалист на сениорско првенство.

Strugaonline

Facebook Коментари