Градоначалникот Мерко изрази жалење за смртта на градоначалникот Стојаноски

- Локални
833

Ненадејната смрт  на градоначалникот на Охрид, Проф. Д-р Јован Стојаноски , предизвика тага и неверување кај граѓаните но и кај неговите колеги, пријатели, сопартијци.

Сочувство и жалење изразија и вработените во Општина Струга заедно со струшкиот градоначалник.

„Со големо жалење ја примивме веста за смртта на градоначалникот на Општина Охрид, Д-р.Јован Стојаноски,  и длабоко жалиме за Вашата ненадоместлива загуба. Охрид и Македонија изгубија еден добар градоначалник, а ние изгубивме еден колега.“ – велат од Општина Струга.

„Во мое лично име и во име на Општина Струга дозволете да Ви изразам искрено сочуство за загубата на Градоначалникот на Општина Охрид, Д-р Јован Стојаноски. Сочувство до семејството, почивај во мир Јован Стојаноски!“ – напиша градоначалникот на Општина Струга, Г-дин. Рамис Мерко. 

Strugaonline

Facebook Коментари