Изложба на фотографии со наслов „Јас припаѓам тука“ поставена во Охрид

- Локални
734

Oд денеска до 20-ти јули во кафе бар „Шила“ во Охрид ќе биде отворена изложбата на фотографии со наслов „Јас припаѓам тука“.

„Припаѓам тука – Што ве инспирира да почувствувате припадност кон вашиот родно место? Дали се тоа улиците каде сте пораснале? Некои посебни луѓе? Езерото, Дрим или планините? Некои неповторливи моменти? Претходниот период добивме многу фотографии на оваа тема, и сега ни е голема чест да ве поканиме на отворањето на изложбата на избраните фотографии во кафе бар Шила во Охрид. “ – информираат организаторите.

Оваа активност е дел од проект „Декада на припадност – Славење на различностите“ . Проектот е финансиран од Европската Унија, а истиот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари