Кадетките на ЖКК Струга 2009 славеа над Охрид, сениорките во вторник играат четвртфинале со Крива Паланка

- Локални, Спорт
214
Додека сениорската репрезентација на ЖКК Струга 2009 се подготвува за четвртфиналниот дуел со тимот на Крива Паланка, натпревар што ќе се игра во вторник, кадетките славеа во езерското дерби над ЖКК Охрид со резултат 32:41 (10:11;10:10;09:10;03:10). Муртезаи постигна 11 поени, Хиса 10, Крацоска 7, Кукунешоска 6 поени, Белкоска 3 поени. Во екипата на Охрид најдобра беше Ѓоргиеска со 12 поени.
Што се однесува до претстојното четвртфинале на сениорките, тренерот Владимир Ѓоровиќ вели дека подготовките течат добро.
,,Добро работевме изминативе десет дена и се подготвувавме за четвртфиналето. Имаме ист противник како и минатата година, се надевам дека резултатот ќе биде поинаков и дека оваа сезона сме подготвени да се пласираме во полуфинале. Доста добро се познаваме со противникот, не верувам дека ќе има многу изненадувања.  Мислам дека тимот кој ќе биде поинспиративен во вторник и ќе одигра на ниво на своите нагорни можности, ќе биде поблиску до победа.,, -изјави Ѓоровиќ за Strugaonline.
Тој додава дека сите кошаркарки се здрави и подготвени да го дадат максимумот.
Strugaonline

Facebook Коментари