Марихуана пронајдена кај две лица од струшко Делогожда

- Локални
873

На 23-ти овој месец, 45 минути по полноќ, на улицата „Партизанска“ во Струга, од страна на полициски службеници било запрено патничко возило „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Е.О. од струшкото село Делогожда, во кое совозач бил две години постариот М.Д. од истото село.

– При извршеното легитимирање, М.Д. фрлил едно полиетиленско ќесе со наркотична дрога марихуана. Ќесето било подигнато и предадено на вештачење, а М.Д. бил лишен од слобода. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари