Матурантите од Струга денеска ќе ја одиграат традиционалната матурска парада

- Локални
828

Денеска точно напладне, струшките матуранти во истовреме со своите врсници од другите градови низ Македонија ќе ја одиграат традиционалната матурска парада. Тие ќе танцуваат „Квадрил“ на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.  Од 2008 година започнаа да се вклучуваат и други градови, така и во Македонија се создаде праксата на играње квадрил од страна на матурантите. Еден од моментите кои секогаш ќе го паметат.

Strugaonline

Фото: aрхива

Facebook Коментари