Младинските селекции на ЖКК Струга 2009 им гостуваа на екипите на ,,Багдала“ од Куршевац и ,,Темниќ“ од Варварин

- Локални, Спорт
351

ЖКК Струга 2009 со своите две младински селекции, јуниорки и кадетки, беше гостин на ЖКК Багдала од Крушевац, Србија. Струшките кошаркарки имаа два пријателски натпревари со екипата на Багдала, а во петокот нашите кошаркарки беа гости и на ЖКК Темнич од Варварин.

,,Целта на овие средби беше да провериме до каде сме со подготовките пред почетокот на сезоната, исто така проверувавме што треба да поправиме. Меѓутоа, примарната цел беше дружењето со екипите на Багдала и Темниќ, запознавање на нови пријатели и се надевам дека тие ќе ни ја возвратат посетата што поскоро. Сакам да им се заблагодарам и на искреното пријателство и убавиот пречек“-изјави за Strugaonline тренорт на ЖКК Струга 2009 Владимир Ѓоровиќ.

Освен спортот и пријателството, екипите ја негуваа и традицијата. На полувреме на натпреварот со Багдала се играше оро на песните ,,Македонско девојче“ и ,,Одакле си селе“, а после натпреварот во Варварин нашите кошаркарки имаа средба со тамошните играорки и им го изиграа  пајдушкото.

Strugaonline

 

Facebook Коментари