Директорот на Агенцијата за млади и спорт, стружанецот Наумче Мојсоски, денеска се обрати пред присутните на отварањето на затворениот пливачки базен во Струга, што беше реконструиран со буџетски средства преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 1,6 милиони евра.
,, Навистина ми е драго и нема да ја кријам мојата голема среќа во овој момент кога го гледам овој базен, базен од моето детство повторно во функција. Процесот не беше лесен, патот беше тежок, но ние во ниту еден момент не се откажавме. Со овој базен можам да кажам дека одново се роди гордоста на Стружани. Овој базен некогаш беше место од кое излегоа најдобрите пливачи, место каде сме следеле неворојатно возбудливи натпревари, место за дружба и спортски дух! Руината во изминативе години ја оставаме зад нас и Струга повторно има затворен базен како што заслужува.“-изјави Мојсоски
Facebook Коментари