На натпреварите што РК Струга ги игра на домашен терен може да се донира за Бојан Крстески

- Локални, Спорт
218

РК Струга информира дека на натпреварите кои ги игра на домашен терен ќе биде поставена кутија за донации за нашиот сограѓанин Бојан Крстески кој се лекува во Рим.  Стружани имаа можност да донираат на денешниот натпревар во рамки на кадетската машка лига каде РК Струга играше со РК Еурофарм Пелистер 2. Во рамки на младинската машка лига, оваа сабота РК Струга игра со РК Голден арт кл7 со почеток во 12:30 часот, додека пак во супер машката лига нашите ракометари во сабота гостуваат кај  тимот на РК Вардар Неготино.

Strugaonline

Facebook Коментари