На светското првенство за кадетки Македонија вечерва игра со Шведска во главната рунда

- Локални, Спорт
402

На Светското првенство за кадетки во Македонија, денеска стартува главната рунда. Во денешните натпревари ќе се одиграат по два дуели од групата А и Б. Освен натпреварите од главната рунда ќе се одиграат и натпреварите за разигрување за пласман од 17 до 32 место на кадетскиот Мундијал.

Репрезентацијата на Македонија вчера ја совлада селекцијата на Иран, а вечерва со почеток од 20:30 часот за прв ривал во главната рунда ја има репрезентацијата на Шведска која ќе стартува без бодови.

Facebook Коментари