Објавен е распоредот на натпревари за турнирот ,,Струга 2023“

- Локални, Спорт
445

Oд 16-ти до 19-ти август, по 51-ви пат Струга ќе биде домаќин на Струшкиот ракометен турнир.

За престижната титула -победник на еден од турнирите со најдолга традиција во Европа, годинава ќе се борат шест екипи, од кои три се домашни, а три странски, а веќе се одредени и групите.

Во групата А се најдоа тимот на Алкалоиод, грчки – АЕК Атина и српскиот тим Динамо Панчево.

Во групата Б е двократниот европски шампион Вардар, домаќинот Струга и шведскиот тим Ескилстуна Гуиф.

Натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште ,,Горан Попоски-Бабец“

На 16, 17 и 18 август ќе се играат натпреварите по групи, а натпреварите за пласман ќе се играат на 19-ти август.  Првите три дена ќе има два меча дневно, а последниот ден кога ќе има три.

Организаторите денеска ги објавија и термините за турнирите:

Facebook Коментари