Од 27-ми октомври се воведува редовна авиолинија Дортмунд-Охрид

- Локални
1420

Се проширува листата на дестинации со кои Охрид ќе биде авионски поврзан.

Од 27-ми октомври годинава ќе се воведе нова редовна авиолинија меѓу Дортмунд и Охрид. Ова го најави членот на Градскиот совет на Дормунд, Рудигер Шмит на средбата со градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски.

Шмит потенцира дека авионското поврзување ќе придонесе за развој на  туризмот, но и за подобра соработка на бизнис заедниците.

Инаку, делегација од Дортмунд престојуваше во Охрид, при што беше доделена донација за територијалната противпожарна единица.

извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари