ОДБЕЛЕЖАН 8-MИ НОЕМВРИ, ДЕНОТ НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СТРУГА

- Локални
1144

Осми ноември,  Денот на ослободувањето на Струга,беше одбележан со повеќе настани и манифестации. Настаните и свеченостите беа во организација на Општината и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антфашистичката војна во  Македонија.

Свеченостите започнаа во десет часот на плоштадот пред споменикот на Револуцијата во Струга, со полагање свежо цвеќе на повеќе делегации.

Во големата сала на организацијата, пред голем број граѓани претседателот Ајрадин Мемети,прочита реферат за одбележувањ на 73 години од Слободна Струга.

На крајот од прославата беше приреден прием на преживеаните борци,за членовите на семејствата на паднатите борци и за други граѓани.

 

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари