Одбележана деветгодишнината од потонувањето на бродот „ ИЛИНДЕН“

- Локални
682

Пред спомен обележјето во градскиот парк, денеска беше одбележана деветгодишнината од потонувањето на бродот „ Илинден“, најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро. По тој повод градоначалникот Јован Стојаноски и Бугарскиот конзул во Република Македонија Веселин Богданов, како и претставници на Капетанијата на пристаништата и Здружението на граѓани „ 5 Септември“ и граѓани, положија свежо цвеќе на спомен обележјето.

Градоначалникот Јован Стојаноски рече дека сите посакуваат никогаш повеќе да не се повтори ваква или слична несреќа, во која се губат животи и додаде дека во тек се разговори со градоначалниците од општините од Бугарија, од кои имаше најмногу загинати туристи, за подигнување на заедничко спомен обележје.

Бродската несреќа во која животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија се случи пред девет години, на 5 септември околу 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше топло и тивко, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро. Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.

Извор и фото: Општина Охрид

Facebook Коментари