Охрид SOS: По втор пат препорака охридскиот регион да се стави на листата на светско наследство во опасност

- Локални
357

Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на Реактивната мониторинг мисија која го посети охридскиот регион во јануари минатата година.

-По втор пат, како резултат на континуирана деградација на културното и природното наследство на регионот, експертите со јасна и гласна препорака: Охридскиот регион да се стави на листата на светско наследство во опасност, oвојпат, заедно со Албанија.-велат од Охрид SOS

– За овие четири години, од претходниот извештај на Реактивната мониторинг мисија во 2017 видовме процеси со динамика еден напред-три назад, шоу со „рушење дивоградби“, план за управување кој се сведе на одредување број на катови, процеси на заштита кои се саботираа. Едно чудо комисии, формални документи кои некој ги плаќа, а никој не ги спроведува. Стручните лица на УНЕСКО, тоа лесно ги прозреа. Затоа, „мисијата заклучува дека активностите зададени во 2017 не се исполнети како би се надминале ранливоста и заканите кои беа идентификувани, постепената ерозија на атрибутите не беше сопрена, се појавуваат нови проекти и планови кои го загрозуваат доброто и дојдовме до сознанија за нови закани. Евидентно е дека, како резулат на значителни проблеми со управувањето и слаба имплементација на законите, доброто е со висок степен на ранливост. Сето тоа доведе до нессодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност (ИУВ). Со тоа, доброто (Светското наследство на Охридскиот Регион) ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност, додаваат од Охрид SOS.

Велат Центарот за светско наследство констатира дека „постоечките и планирани модификации и урбанизацијата ја интензивираат и онака ранливата состојба (на регионот) кон точката од кадешто нема враќање“ и најавија дека во наредниот период ќе објавуваат  извадоци од извештајот преведени на македонски јазик и новите препораки од стручниот извештај на Реактивната мониторинг мисија на Центарот за светско наследство.

Извор: Охрид SOS

Facebook Коментари