Охриѓанец и лице од Свети Николе ќе одговараат за злоупотреба на лични податоци

- Локални
765

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,злоупотреба на лични податоци”, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против К.К(29) од Свети Николе и Н.Ц.(31) од Охрид.

На 23 јули минатата година на плажа во Охрид, пријавените извршиле фотосесија на четири девојки од Охрид, откако претходно ги убедиле дека   фотографиите се за модна агенција од Србија, од кои понатаму ќе се  избирале  манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови. Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари а потоа им ги фотографирале и личните документи.

Во текот на 2018 година, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на веб сајт но и како банер на страна на интернет, кој бил креиран за остварување контакти.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

Facebook Коментари