Охриѓанец и се заканувал и ја влечел за коса невенчаната сопруга

- Локални, Хроника
884

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста”, Секторот за внатрешни работи Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против А.Д.(26) од Охрид.

Тој, казненото дело го сторил  на 25 април оваа година на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, движејќи се зад невенчаната сопруга и упатувајќи и сериозни закани по нејзиниот живот, предизвикувајќи и чувство на страв, вознемиреност и несигурност. Во еден момент, сега пријавениот А.Д. почнал и да ја влече за коса по што избегал од местото на настанот.

Извор: СВР Охрид

Strugaonline

 

Facebook Коментари