„Петарди не, безбедност пред сè“, превентивна активност на СВР Охрид и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје

- Локални, Хроника
266

Во рамки на заедничките превентивно едукативни активности на МВР и Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје денеска (21 декември), во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ во Струга, се реализираше едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се“. Лекари од клиниката и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и ОВР Струга одржаа стручни предавања на кои присуствуваа околу 400 ученици, при што беа презентирани штетните последици од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телата.

Покрај ова, учениците поблиску беа запознати и со законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и други пиротехнички средства на јавни места, на улица, во дворови пред објекти, во влезови на станбени згради или училишта и слично. Тие беа и информирани дека продажбата и активирањето на вакви пиротехнички средства, покрај прекршочно може да се санкционира и со кривични пријави, зависно од околностите и крајните последици.

Вакви предавања се закажани во сите општински средни училишта на подрачјето што го покрива СВР Охрид. Целта на кампањата чие мото е „Петарди НЕ, безбедност пред се“ е подигнување на свеста кај младите во пресрет на празниците, да не купуваат и активираат разновидни пиротехнички средства.

Извор и фото: СВР Охрид

StrugaOnline

Facebook Коментари