Пливачите од клубот 3Disciplines-Струга успешни на државниот новогодишен натпревар за деца

- Локални, Спорт
797

Триатлон клубот 3Disciplines од Струга, вчера настапи на државен новогоддишен натпревар за деца родени 2008 година и помлади. Учествуваа дваесет и шест членови од пливачката школа на триатлон клубот.

„Со оглед на тоа дека нашите пливачи се 2012 до 2014 година, ова им е прв официјален пливачки натпревар. Стресот си го направи своето, но истовремено научија многу, пред се видоа како изгледа пливање во базен со стандарди. Изборивме финални времиња во сите дисциплини од прво до осмо место. “-информираат од 3Disciplines.

До завршување на оваа година, спортисите од 3 disciplines ќе имаат уште едно натпреварување. Тимот на клубот им се заблагодарува на родителите на спортистите кои помагаа во организацијата на трките и се друго.

Ова е втора година како клубот успешно функционира во три спортски области- велосипедизам, атлетика и пливање.

„Горд сум на децата кои ги завршија трките. Овие деца се прва и втора генерација произлезени од школата за пливање на нашиот клуб.“ -вели нивниот тренер Никола Куктаноски.

Од 3disciplines најавуваат дека и следната година ќе бидат активни и ќе работат напорно и посветено.

Strugaonline

Facebook Коментари