Поетот Наум Трајчески почесен член на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид

- Локални
740

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во петокот се одржа средба со поетот  Наум Трајчески- роднокраен автор кој од 1977 година живее и твори во Квинбијан ,Австралија.

Трајчески за стихозбирката „Одминато време“ годинава ја доби наградата „Стојан Христов” востановена од Агенцијата за иселеништво за најдобра книга од поет – иселеник од Македонија меѓу две изданија на Струшките вечери на поезијата. Издавач на „Одминато време“ е НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид .

На средбата на Наум Трајчески со читателите за неговото творештво и инспирација говореа Тоде Илиевски и Милчо Јованоски, а стихови читаше охриѓанецот Гоце Ангелески, кој исто живее во Австралија.

Милчо Јованоски  во име на НУ Библиотека „Григор Прличев“ на Трајчески му ја врачи благодарницата за почесен член на библиотеката а директорката Гордана Змејковска на Наум Трајчески му ја предаде Благодарницата за Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј кое истиот ден ја прославуваше 40 годишнината од своето постоење.

„Нашата библиотека и литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј имаат долга и плодана соработка со размена на книги, портрети на наши роднокрајни автори кои се стожерот на друштвото и слично. Токму деновиве од Сиднеј во нашата библиотека пристигна антологијата „Ѕуница“, која е отпечатена по повод 40-годишниот јубилеј, на Друштвото „Григор Прличев“  и во која се  застапени 20 поети со по десет песни, плус пет починати поети со по една песна.“ – информираат од НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

Strugaonline

фото: НУ Библиотека „Григор Прличев“

 

Facebook Коментари