Полски ,,Келце“ ќе игра на турнирот во Струга, 50-то издание ќе се одржи од 16-ти до 20-ти август

- Локални, Спорт
555

Традиционалниот ракометен турнир во Струга годинава ќе се одржи од 16-ти до 20-ти август и ќе го прослави големиот јубилеј, 50 години постоење.

На игралиштето ,,Горан Попоски-Бабец“ ќе играат познати светски екипи.

Потврдено е учеството на полскиот шампион Келце, а покани се испратени и до  двете унгарските екипи Веспрем и ПИК Сегед,  хрватски Загреб, словенечкиот Целје и се чека нивниот одговор.

И годинава нема да изостанат македонските екипи вклучувајќи го и домаќинот, РК Струга.

Минатата година, поради ковид пандемијата, на турнирот настапија само македонски екипи, а бранител на титулата е Вардар.

Strugaonline

Facebook Коментари