Промовирана збирката „Вевчанска рапсодија“ од Илија Пешиноски

- Локални
1206

На 23-ти  јуни во Вевчани се одржа промоција на првата книга со песни на штотуку завршениот деветтооделенец Илија Пешиноски.

Неговата збирка со наслов „Вевчанска рапсодија“, која е поделена во три циклуси и тоа:„Отварам рајски порти“,„Татковино ,убавино“ и,„Доаѓам со моите дарови“,содржи 42 песни во кои младиот автор пишува за убавината на родното Вевчани и за татковината Македонија, се воодушевува од историското минато на својот македонски народ и од се она што го опкружува.

Промотори на свеченоста беа писателите Петко Шипинкаровски и Мишо Китаноски, кои потенцираа дека лирскиот глас на младиот автор посветен на родното и убаво Вевчани всушност е гласот на славеите кои во вевчанските градини и убавини ја разлеваат својата песна. Инаку, Илија Пешиноски во слободно време слика, изработува мозаици, се занимава со резбарство и наскоро планира  изложба на која ќе ја претстави својата уметничка творечка дејност.

Промоцијата на оваа збирка ја збогатија Филип и Александар со своите гитари и на тој начин истата доби и музичка нота.

„Среќен сум што кинигава излезе кога го завршив деветтото одделение,  а истото со љубов им ја посветувам на моите родители мајка ми Лилјана и татко ми Зоран,кои ми  овозможуваат  да творам и да бидам одличен ученик .“ – изјави младиот автор Илија Пешиноски.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари